јануари 13, 2020

Охрид, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Утре по повод празникот Обрезание Господово и Св. Василиј Велики – Православна Нова година, Василица, Света василиева архиерејска литурија ќе се служи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско. Света василиева литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 08:30 часот и во манастирот – „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник.

сабота, 18. јануари 2020 година – Водокрст
– Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид, со почеток во 07:00 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ Света василиева литургија со почеток во 08:00 часот

недела, 19. јануари 2019 година – Богојавление Водици
– Света архиерејска василиева литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско со почеток во 08:00 часот
– Света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:00 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба
– во 09:45 часот поаѓање на литијата кон Градското пристаниште
– во 10:00 часот на Градското пристаниште ќе се изврши голем Богојавленски водосвет
– во 12:00 часот групно крштевање на „Сараиште“

понеделник, 20. јануари 2020 година – Собор на Свети Јован Крстител
– Света архиерејска златоустова литургија во црквата „Св. Јован Богослов“ – Канео, со почеток во 08:45 часот
– Света златоустова литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот
– во Плаошкиот манастир „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ нема да има богослужба. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука