јануари 20, 2020

Охрид, 20. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Како што налага традицијата, денот по Богојавление Водици се одбележува како Ден на рибарите.

Така ќе биде и годинава. На Градскиот плоштад ќе приготвува традиционалната рибна чорба, за која ќе бидат задолжени учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5.000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

На денешен ден на Сараиште, старите рибари ги оставале мрежите да се сушат, раскажуваат повозрасните жители на Охрид, кои се сеќаваат на убавите времиња поминати со блиските и пријателите на денот по Богојавление, Ден на рибарите.

Традицијата за да се одбележува овој ден е многу стара, во одреден период престанала да се практикува, но повторно се обновила.

Според кажувањата на старите жители на градот, рибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука