јануари 22, 2020

Пјонгјанг, 22. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Северна Кореја привремено им забрани на странските туристи да влезат во земјата, поради појавата на новиот коронавирус во Кина, објави денеска кинескиот тур-оператор Јанг Пајонер Турс.

Одлуката е донесена затоа што најголем број туристи доаѓаат од Кина, а потегот е донесен како превентивна мерка.

Таа одлука ќе важи се додека вирусот не се стави под контрола.

Во Северна Кореја, една од најголемите индустрии со кои буџетот се полни со девизи е туризмот, пред се заради санкциите што ги воведоа САД и западни држави. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука