јануари 23, 2020

Охрид, 23. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид ќе се одржи втората од неколкуте предвидени професионални сомелиерски обуки.

Организирана е од Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, а ќе се одржи во хотелот „Милениум Палас“.

В сабота, 25-ти јануари, на првиот ден од обуката кандидатите ќе имаат воведни предавања за вино, по што ќе следи систематски пристап кон дегустација на вино (дегустација) и вински сервис теорија и пракса. За вториот ден се предвидени основните принципи на впарување храна и вино, по што ќе следи и теоретскиот и практичниот дел од испитот. Обуката започнува од 10:00 часот.

Обуките се наменети првенствено за угостителскиот сектор, но и за останатите бизнис сегменти поврзани со вината и јаките алкохолни пијалоци.

Предвидени се три нивоа на обука: MASOM Wine Server, MASOM Assistant Sommelier и MASOM Certified Sommelier.

Првото ниво „Wine Server” е основа на која кандидатите ќе се стекнат со основнни вештини и познавање од областа на вината. За оваа обука не е потребно никакво предзнаење.

Резултат со слика за сомелиер обука

Кандидатите низ практични вежби и дегустации, како и теоретски дел ќе ги поминат основите на: лозарството, производството на вино, типови и стилови на вино, основни вински сорти, познати светски вина, вовед во дегустација и евалуација на вината, вински сервис и впарување на храна и вино. Обуката чини 6 150 денари, а бројот на кандидати е лимитиран. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука