јануари 27, 2015

Охрид, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Од Управата за јавни приходи ги информираат сите фирми кои што вршат промет на добра и на услуги за кои плаќањето се врши во готово, а кои досега не ја отпочнале постапката за воведување на ГПРС фискална каса кај некои од овластените производители, имаат уште пет дена до истекот на крајниот рок – 31-ви јануари, да ја исполнат законската обврската.

По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) и 3250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена, додаваат од УЈП. (Крај)

извор: ОхридПрес/УЈП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука