јануари 28, 2020

Пекинг, 28. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кинеските власти ги повикаа сите Кинези да избегнуваат да патуваат во странство во обид да го запрат новиот коронавирус, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Со цел да се намали движењето на луѓето преку границата и со тоа да се спречи коронавирусот, граѓаните кои сакаат да заминат во странство треба „со причина да го изберат времето на патувањето со причина“, јави Ксинхуа, повикувајќи се на Националната управа за влез и излез.

– Ако нема посебна потреба, се препорачува да се одложи времето на патувањето, стои во препораката. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука