јануари 31, 2020

Берлин, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Археологијата посветува многу време и напор за да утврди што јаделе нашите предци.

А, во таа смисла, најмалку се знае за новороденчињата, на пример – што кога нивните мајки престанувале да дојат? Науката знае многу малку за тоа што бебињата и малите деца јаделе во длабоката древност, меѓу другото, и поради тоа што детските гробови, каде што на дното обично се наоѓаат остатоци од храна, се поретки.

Тим германски археолози неодамна пронајдоа две детски гробници во близина на Берлин и Аугсбург, во кои е најден прибор што веројатно се користел за чување храна за децата закопани таму.

Гробовите се од европското бронзено и железо доба, што се протега од 1200 до 450 година пред нашата ера. Анализата на садовите најдени на дното покажа дека тие содржат кравјо и овчо млеко.

Наодите посочуваат дека животинското млеко е првата храна што мајката им ја давала на децата кога престанувало доењето. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука