февруари 3, 2020

Пекинг, 3. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кина се обиде да се врати во секојдневието по продолжените новогодишни празници, но стравот од неизвесноста од ширењето на новиот коронавирус тешко ги погоди берзите каде акциите загубија 420 милијарди долари од основниот фондов индекс.

Инвеститорите распродаваа акции и јуани, а трговијата на берзите требаше да биде прекината поради уривање под прагот што се смета дека е почеток за паника, јавија западни медиуми.

Масовното обезвреднување се случи и покрај тоа што Централната банка на Кина соопшти дека ќе „инјектира“ 174 милијарди долари за ликвидност во финансискиот сектор.

Покрај тоа, властите објавија дека сите основни производи ќе бидат загарантирани и дистрибуирани преку централна мрежа за контрола на тие производи. Со преземање активности надвор од производството на овие производи им беше дозволено на фирмите да ги продолжат слободните денови во име на здравствената сигурност.

Бројот на починати во Кина во епидемијата на новиот коронавирусот до вчера нарасна на 362. Во Кина се регистрирани вкупно 17.205 заболени. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука