февруари 4, 2020

Корјажма, 4. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Русин со животот плати една своја забелешка дека неговата сопруга не се справува добро во кујната… Убиството се случило во градот Корјажма, во Архангелската Област.

Семејството имало гости и кога сите седнале на масата, сопругот на домаќинката ѝ упатил груба забелешка дека „јадењето не чини”. Следувала караница, па мажот потоа ја удрил во лицето. Тогаш, 52-годишната жена зела кујнски нож и го избодела.

Гостите веднаш викнале брза помош, но додека лекарите да пристигнат, сопругот починал.

Истражните органи соопштуваат дека жената најверојатно ќе биде осудена на подолга казна затвор. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука