февруари 21, 2020

Белград/Охрид, 21/ февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, заедно со агенциите и хотелиерите денеска во Белград на 42. меѓународен саем на туризмот, каде се петставени 40 држави и 900 учесници, беа презентирани македонските туристички потенцијали.

Покрај природните убавини на Охрид и Скопје, на српските туристи годинава им се нудат и туристичките потенција долж патниот правец Е-75, националните паркови, гастрономијата и винските тури, со што и годинава очекувањата се да продолжи трендот на зголемување на српските туристи во нашата држава.

– Растот на српските туристи е во рамките на очекувањата. Комплетно целиот туристички сектор има раст од 3 -5 проценти и нешто поголем е бројот на ноќевања. Очекувам дека и оваа година српските туристи во поголем број ќе не посетат и нивниот раст ќе биде двоцифрен, што го очекуваме и за целата Адриатик регија, а фокусот ќе биде насочен и кон српскиот пазар, изјави Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Белградскиот саем на туризмот е еден од најголемите саеми во регионот, кој во просек секој година го посетуваат над 70.000 потенцијални туристи, тур оператори, хотелиери и други туристички работници. (Крај)

извор: АППТМ фото: АППТМ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука