февруари 24, 2020

Техеран, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Уште четири лица починаа од новиот коронавирус во Иран, со што вкупниот број починати изнесува 12 лица, објави денеска државната телевизија.

Телевизијата ја пренесе изјавата на пратеникот Асадолах Абаси, кој рече дека досега во земјата се потврдени 47 случаи на заразени од новиот коронавирус наречен Ковид-19.

Абаси информира дека новите податоци ги соопштил министерот за здравство Саеед Намаки на затворена седница на Парламентот.

Тој додаде дека извор на инфекцијата се луѓе кои илегално допатувале во Иран од Пакистан, Авганистан и Кина.

Иранците во петокот гласаа на парламентарните избори, претежно носејчи маски на лицето за заштита.

Земјите кои се граничат со Иран презедоа превентивни мерки за да го ограничат ширењето на вирусот од иранските патници, а некои им забранија влез на Иранците.

Во Италија уште едно лице почина од новиот коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција Анса, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергам и имал хронични болести.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен Ковид-19 се заразени 165 лица, претежно во покраините Ломбардија и Венето, во северна Италија. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука