Загреб, 24. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука на Хрватска издаде препорака до сите училишта, поради коронавирусот да ги откажат патувањата во Италија, јави дописникот на МИА.
Оваа препорака е во склад со таа на Министерството за здравство и се издава поради безбедност на учениците и наставниците.
– Ве советуваме во наредните неколку месеци да ги откажете организирани патувања во Италија – се наведува во соопштението од ресорното министерство.
Според властите во Загреб, се уште не е забележан ниту еден потврден случај во Хрватска на лице заразено со Ковид-19. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
Прочитано: 3