март 10, 2020

Охрид, 10. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – До овој момент нема податок за лица од Охрид кои се заболени од Корона вирусот, изјави денес за Супер радио и OhridPress директорот на Центарот за јавно здравје од Охрид Сашо Точков.

Граѓаните деновиве се се’ погласни на социјалните мрежи и бараат најмладите да не посетуваат настава се’ до конечна нормализација на состојбата со Корона вирусот.

– Се одложуваат спортски настани, а илјадници ученици секојдневно се во училиштата, најмладите се во детските градинки, студентите на факултетите. Во исто време кафеаните се полни секоја вечер, се организираат концерти со неколку илјади посетители, работат диско клубовите и сите останати места каде на едно место се собираат поголем број граѓани, реагираат граѓаните.

Во моментов позитивни на Корона вирусот во државава се седум лица кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и чија состојба во моментов е стабилна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука