март 13, 2020

Охрид, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – И покрај препораките од одговорните, граѓаните да останат дома, охриѓани тешко му одолеваат на убавото сончево време и високите температури.

Вчера во Охрид имавме скоро нормален ден за излегување, а слично се очекува и денес, пред се’ поради високата дневна температура која се очекува. Кафе баровите и рестораните затворија после 18:00 часот, но сепак останува прашањето за оправданоста на оваа одлука, ако се знае дека до овој термин, животот тече скоро нормално.

Охридските угостители ги испочитуваа препораките на македонската Влада за справување со Корона вирусот и ги откажуваат најавените викенд забави и промоции.

– Здравјето е сепак најважно. Се приклучуваме и ги поздравуваме препораките, порачуваат тие.

Мерките ги забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, кафитериите и рестораните да работат до 18:00 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Мерката ги опфаќа и кино салите, театрите, обложувалниците и казината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука