март 13, 2020

Охрид, 13. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за здравство излегоа со препораки за правилна домашна самоизолација.

– Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома.

– Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите.

– Користете посебен тоалет/бања.

– Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење…

– Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, замолете го доставувачот да ги остави продуктите пред вашиот дом.

– Обидете се да се држите подалеку од вашите домашни миленици. Доколку ова е невозможно, мијте ги рацете пред и по контакт.

– Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри.

– Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите.

– Следете ги препораките за превенција од здравствените установи.

Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

ЦЈЗ Битола – 071/261-330

ЦЈЗ Велес – 071/219-278

ПЕ Гевгелија – 078/545-444

ЦЈЗ Кочани – 071/373-913

ЦЈЗ Куманово – 070/215-851

ЦЈЗ Охрид – 070/723-029

ЦЈЗ Прилеп – 076/475-747

ЦЈЗ Скопје – 071/289-614

ЦЈЗ Струмица 072/235-543

ЦЈЗ Тетово 075/240-464

ПЕ Гостивар 076/365-161

ЦЈЗ Штип 078/365-613

ИЈЗ Скопје 078/387-194

ЗД Ало докторе 02/15-123

извор: министерство за здравство фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука