март 16, 2020

Љубљана, 16. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Словенечката Влада синоќа воведе забрана за продажба на заштитна опрема со цел да обезбеди доволно снабдување со маски за лице, санитарна и заштитна облека за здравствениот персонал и за спасувачите.

Како што се наведува во соопштението од Владата, забраната стапи во сила веднаш со цел да се спречат понатамошните проблеми.

Во Словенија и пред воведување на забраната, последните неколку денови немаша во продажба маски за лице и санитарна облека.

Претходно, пак, словенечнките комунални служби реагираа до граѓаните да не ги фрлаат маските и ракавиците со другиот отпад.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, вработените од комуналното претпријатие Суровина од Марибор се првите кој официјално реагираа до граѓаните, со апел да не ги фрлаат маските и ракавиците со другиот отпад, бидејќи тие се опасност за вработените и можат да бидат причина за ширање на коронавирусот.

– Строго апелираме, да ги почитувате правилата и препораките за одложување на отпад, пишува во соопштението од мариборското комунално претпријатие.

Реакциите и маските треба да се складираат одделно, како опасен отпад и да не се мешаат со другите отпадоци. Нашите служби ќе ги подигнат одделно и безбедно ќе ги складираат, информираат од Суровина. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука