март 17, 2020

Келн, 17. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Арамии вчера украле 50.000 маски од магацин за медицинска и заштитна опрема во германскиот град Келн, пренесува хрватски Index.

Полицијата известила дека кражбата ја забележал еден од вработените.

Градскиот кризен тим им наредил на сите болници во Келн да проверат каква заштитна опрема им е итно потребна поради епидемијата на коронавирусот и да обезбедат подобра заштита од потенцијални кражби.

– Ова е еден сосема нов тип на кражба – коментирала портпаролката на градската болница.

– Обично се крадат предмети кои се вредни, но сега и за заштитните маски очигледно постои добар пазар – рекла таа и додала дека по кражбата не би требало да има проблем за маски за лице. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука