март 21, 2020

Ве информирам дека ставам во употреба една платформа која може да ја користите за припрема и проверка на вашето знаење за полагање на матурскиот испит по предметот Социологија.

Платформата се вика Quizizz каде креирав група (class) за матурантите. На линкот подолу ќе креирате ваш account и ќе ја прифатите мојата покана за приклучување на групата Матуранти 2020.

Доколку имате некакви проблеми при креирање на вашиот account, обратете се на учениците од IV3 кои веќе се корисници на оваа платформа и на истата работиме.

Да ви напоменам, кога го креирате вашиот account, да го креирате како СТУДЕНТ.

За пристапување кон групата кликнете на следниот линк: https://quizizz.com/join?class=L799624

Се надевам дека ќе имаме успешна соработка.

проф. Рената Арнаудова

Линк до изворната вест.

**Во насока на полесно информирање на учениците за образовниот процес, OhridPress претходно испрати порака до сите образовни институции за слободно користење на нашата рубрика ОБРАЗОВАНИЕ преку која може да се испраќаат пораките за наставниот процес. Ова особено што се регистрирани случаи кога пораките потешко стигнуваат до учениците. И во оваа прилика ги охрабруваме да ја искористат можноста и сите пораки, линкови и објави да ги испраќаат на маил адресата contact@ohridpress.com.mk.

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука