март 22, 2020

Загреб, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Силен земјотрес од 5,3 степени придружен со уште три помали го погоди Загреб, хрватскиот главен град рано утрово.

Ударот предизвика голема материјална штета во градот. Многу згради се оштетени, а низ улиците можат да се видат делови од ѕидови и фасади. Оштетена е и катедралата во центарот на градот откако колабираше една од двете кули. Катедралата беше реновирана откако беше тешко оштетена во последниот голем земјотрес во градот во 1880 година.

Kroatien Zagreb Erdbeben (AFP/D. Lovrovic)

Иако најпрво се прошири веста дека 15-годишно девојче го загубило животот, информацијата е во меѓувреме повлечена, но детето и натаму е во критична состојба. Засега нема точни информации за други повредени.

Кризата со коронавирусот дополнително го компликува обидот на надлежните да реагираат и да им помогнат на граѓаните. Најгопемиот дел од жителите утрово истрчаа надвор од своите домови, но властите апелираат да се обидат барем да не контактираат меѓусебно за да се спречи ширењето на епидемијата. Уште еден проблем е наглото заладување кое ги спушти температурите многу блиску до нулата.

Kroatien Zagreb Erdbeben (Getty Images/AFP/D. Lovrovic)И премиерот Андреј Пленковиќ предмалку им порача на граѓаните дека мерките за заштита од земјотрес и од коронавирус се меѓусебно контрадикторни, но моли за почитување на мерките за заштита од вирусот, кои во моментов имаат предност. Во Хрватска досега се регистрирани над 100 случаи на заболени од коронавирус. (Крај)
извор: DW фото: AFP/D. Lovrovic

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука