март 22, 2020

Охрид, 22. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот режисер Илија Пиперкоски на YouTube ги објави сите пет епизоди од неговиот филм „Охрид градот на светлината“, во знак на поддршка на акцијата #SediSiDoma за граѓаните да останат дома, во насока на справување со ширењето на Корона вирусот.

– Другари, сакам да ви покажам нешто. Јас, заедно со Фејми Даут, Самир Љума, Драган Алексов, Данчо Стевков, Оливер Тевчев, Александар Ивановски, Никола Митровиќ- Бабе, Алулоски Алимпие… работевме вредно неколку години и направивме филм од пет епизоди во кои слоевито раскажавме како се живеело во Охрид и околината, илјадници години. Како градот преживеал многу кризи од најразличен вид секогаш останал силен пред предизвикот. Ова е визуелна енциклопедија за градот Охрид. Од почетокот на времето до денес, порача Пиперкоски, кој периодов наназад ги објавуваше епизоте на социјалните мрежи.

Автори на сценаријата се: Проф. Д-р. Вера Битракова-Грозданова, Проф. Д-р Цветан Грозданов, Археолог Паско Кузман, Проф. Д-р Павле Митрески, Проф. Д-р Драги Ѓорѓиев и Доц. Д-р Никола Митровиќ – Бабе. Телевизиската премиера на „Охрид градот на светлината“ се одржа на 1-ви мај 2017 година на првиот канал на националната МТВ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука