март 23, 2020

Белград, 23. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со желба да дадам придонес за што повеќе граѓани останат во домовите, одлучив да го објавам јавно мојот најнов филм „Тежина ланаца 3“ на YouTube.

Вака познатиот српски режисер Борис Малагурски ја соопшти својата одлука да го објави третото продолжение на неговиот најнов филм „Тежина ланаца“.

Станува збор за најновиот дел на документарната трилогија која дава одговори на тоа како војно-индустриските комплекси, моќните корпорации и политичките интересни групации го загрозуваат нашето здравје и опстанокот.

Соговорници на Малагурски се филозофот Ноам Чомски, економистот Џефри Сакс, премиерката на Исланд Катрин Јакобсдоутир, новинарот Јован Мемедовиќ, д-р Неле Карајлиќ, начелничката на Онколошкиот институт на Србија Даница Грујичиќ, климатологот Владимир Ѓурѓевиќ и професорот Миладин Шеварлиќ. Тие преку анализа на бомбардирањето на НАТО на СР Југославије се обидуваат да ја инспирираат јавноста да преземе нешто.

Доколку се инспириравте и имате доволно време, вториот дел ОВДЕ, а првиот ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука