март 26, 2020

Ријад, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз Ал Сауд, издаде забрана за влез и излез во Ријад, Мека и Медина за да спречи ширење на коронавирусот.

Наредбата за затворање на главниот град Ријад и светите градови Мека и Медина ќе стапи на сила денеска. Забраната ги спречува и луѓето од 13 региони на Саудиска Арабија да патуваат во други региони.

Тринеделниот полициски час, воведен во понеделникот во Саудиска Арабија, ќе започне во 15 часот, наместо во 19 часот, како досега. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука