март 26, 2020

Охрид, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од  Охрид ги известуваат учениците од завршните години дека согласно насоките од Министерството за образование и наука, реализацијата на проектната задача која е во склоп на Државната матура и Завршниот испит за учениците од завршните години ќе се реализира на тој начин што приемот на проектните задачи ќе се реализира по електронски пат преку раководителот на паралелката, кој за таа цел ќе ги извести учениците.

– Пристигнатите проектни задачи ќе бидат архивирани во електронска форма согласно рокот за пријавување и истите ќе бидат доставени до соодветните наставници-ментори. Презентацијата и одбраната на проектната задача ќе се организира и реализира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средствата за електронска комуникација согласно роковите утврдени според Календарот за организација на учебната 2019/2020 година во јавните средни училишта, информираат од Центарот.

**Во насока на полесно информирање на учениците за образовниот процес, OhridPress претходно испрати порака до сите образовни институции за слободно користење на нашата рубрика ОБРАЗОВАНИЕ преку која може да се испраќаат пораките за наставниот процес. Ова особено што се регистрирани случаи кога пораките потешко стигнуваат до учениците. И во оваа прилика ги охрабруваме да ја искористат можноста и сите пораки, линкови и објави да ги испраќаат на маил адресата contact@ohridpress.com.mk. (Крај)

извор: OЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука