март 27, 2020

Париз, 27. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Силите на редот казнија повеќе од 225 000 лица поради непочитување на мерките за ограничување, јави дописникот на МИА.

Од спроведувањето на строги мерки на ограничување за борба против епидемијата на коронавирус на 16 март, извршени се околу 3,7 милиони проверки низ цела Франција, рече министерот за внатрешни работи, кој процени дека ограничување треба „да продолжи сè додека не победиме во борбата против вирусот“.

Казната за непочитување на мерката изнесува 135 ева, која во случај на повторно непочитување може да достигне 1500 евра, а забележани се и мерки на притвор за лица кои на повеќе пати ја прекршиле. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука