април 6, 2020

Њујорк, 6. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот, соопштија официјални извори.

Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта“ тигарот биле во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковид-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27-ми март, а се очекува сите животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс затвори на 16-ти март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука