април 9, 2020

Даблин, 9 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ирскиот рок бенд U2 донираше 10 милиони долари во фондот за борба против коронавирусот во Ирска.

Парите ќе се искористат за поддршка на здравствените работници и купување на заштитна опрема. Дел од опремата која е набавена од овие средства веќе пристигна на аеродромот во Даблин, јави ирската телевизија РТЕ.

Ирскиот премиер Лео Варадкар го пофали гестот на старите рокери:

– Иако Владата нарача доволна количина опрема, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена, напиша тој на неговиот профил на Твитер.

Bono, фронтменот на групата U2 за прв пат по 2017-та година, неодамна објави песна, овој пат инспирирана од последните случувања со коронавирусот, односно од начинот на кој луѓето во Италија се справија со пандемијата.

Тој ја објави новата песна „Let Your Love Be Known“ на неговиот профил на Instagram со порака:

„За Италијаните кои ме инспирираа… за Ирците… за СИТЕ на кои на овој ден на Св. Патрик им е тешко, но сепак се со песната. За докторите, сестрите и сите кои се на првата линија, за Вас пееме“. (Крај)

извор: Index.hr фото: Instagram

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука