мај 1, 2020

Охрид, 1. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 18-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Преподобен Јован.

Животот на преподобен Јован е тесно поврзан со животите на двајца духовници од осмиот и деветтиот век, Григориј Декаполит и Јосиф Химнограф. Првиот му бил учител во монашкиот подвиг на преподобен Јован.

Во името на царот Лав Ерменецот, иконоборец, тој ја дели заедничката судбина со сите заштитници на почитувањето на иконите.

По смртта на неговиот духовник Григориј Декаполит, Јован станува игумен во истиот манастир. Се упокоил во 820 година. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука