мај 2, 2020

Охрид, 2. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ-ОА (Јулијанскиот календар) денеска е 19-ти април, денот кој православните верници го слават во чест на Преподобен Јован Старопештерник.

Живеел во осмиот век. Како млад многу патувал, среќавајќи се со големите духовници во тоа време, полека подготвувајќи се и самиот да се повлече од светот. Подоцна се населил во стариот манастир, основан уште од свети Харитон Исповедник (од третиот до четвртиот век) близу Ерусалим.

За црква во овој манастир служела една пештера во која престојувал свети Харитон, па затоа и Јован бил наречен Старопештерник. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука