мај 4, 2020

Скопје, 4. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21-ви април, денот кој православните верници го слават во чест на Св. свештеномаченик Јануариј и други.

Историската сцена на која се појавува овој свештеник и маченик е Римската империја и времето на владеењето на Диоклецијан. Во тоа време Јануариј бил епископ во Италија, во Кампања. Јануариј бил изведен на суд заедно со некои други христијани од локалниот управник Тимотеј, а потоа испратен во град Путеол. Таму христијаните требало да бидат предадени на ѕверовите, за развеселување на локалната градска толпа.

Но, како и во времето на Даниил, наместо храна, гладните ѕверки во овој човек видоа светилник на светот, па дојдоа до него и се умилкуваа. Поразен од ова, управникот ги изведе Јануариј и останатите христијани надвор од ѕидините на Путеол и ги обезглави.

Моштите на овој свет епископ беа подоцна пренесени во Неапол. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука