мај 5, 2020

Скопје, 5. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22-ри април, денот кој православните верници го слават во чест на Преподобен Теодор Сикеот.

Овој Теодор ја одбележи монашката историја на своето време. За него со право е речено дека неговиот подвиг го надминуваше подвигот на сите живи аскети од неговото време. Живееше во шестиот и седмиот век. Го нарекоа Сикеот зашто потекнуваше селото Сикеа, во малоазиска Галатија.

Во неговиот дом живееше еден старец, Стефан, од кого Теодор се научи уште како десетгодишно момче на строг пост и ноќно бдеење. Потоа, природно, подвигот го продолжи во манастир, а подоцна беше избран за епископ на градот Анастасиопол.

По 11 години тој повторно се повлече во манастир, каде и го заврши земниот живот. Во текот на животот беше познат како молитвеник и исцелител. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: verskikalendar.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука