мај 11, 2020

Инчон, 11. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на градот Инчон во близина на Сеул нареди привремено затворање на клубовите, дискотеките и другите угостителски објекти, поради загриженост за втор бран на коронавирусот.

Парк Намчун, градоначалник на Инчон, изјави дека затворањето на објектите за ноќен живот ќе трае две недели и дека секој што ќе ја наруши наредбата може да биде осуден на затворска казна до две години или парична казна од 16.380 долари.

Слични чекори веќе се преземени во Сеул и провинцијата Кјонги, откако во последните денови беа откриени нови случаи на заразени поврзани со ноќни клубови во сеулската област Итевон.

Јужна Кореја вчера пријави 34 новозаразени, а за првпат во последниот месец, тој број надмина 30.

Властите соопштија дека 24 од 34 случаи биле поврзани со ноќни клубови во Итевон. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука