мај 12, 2020

Охрид, 12. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Објавен е огласот за упис на средношколци во дисперзираната паралелка за фудбал на ДСУ „Спортска академија“ – Скопје, што во Охрид ќе функционира во склоп на ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Право на упис во учебната 2020/2021 година имаат сите ученици кои завршиле основно образование и не се постари од 17 години, ги поминале селекциите во спортот за кој што се определиле, за што се здобиле со потврда за успешно помината проверка на спортските вештини.

За пријавување за упис потребно е: пријава за упис во прва година, оригинални свидетелства од VI до IX одделение, оригинален извод од матичната книга на родените без оглед на датумот на издавање, здравствен картон за имунизација, нострифицирани документи и уверение за регулиран државјански статус за учениците кои едно или повеќе одделенија од основното образование ги завршиле во странство и потврда за помината селекција издадена од спортската федерација.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16-ти и 17-ти јуни, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18-ти јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука