мај 17, 2020

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4-ти мај, денот кој православните верници го слават во чест на Св. маченичка Пелагија.

Свети Пелагија потекнуваше од градот Тарс, од видни и богати незна-божечки родители. Како млада слушна за Христос, па поверува во него. Во тоа време Диоклецијан вршеше безмилосен прогон на христијаните. Кога поминуваше низ Тарс, се случи син му да се вљуби во младата Пелагија и сакаше да ја земе за жена. Не сакајќи да се согласи на тоа, Пелагија беше принудена да побегне. Во бегство се сретна со еден епископ по име Клинон, кој ја поучи во верата и ја крсти.

После тоа Пелагија се врати дома. А кога царскиот син дозна за нејзиното крштевање и откако ја загуби секоја надеж да ја земе за жена, се прободе со меч. Тогаш, мајка и на Пелагија самата ја предаде на суд пред царот.

Света Пелагија беше осудена како христијанка и фрлена во внатрешноста на вжештен метален вол. Пострада во 287 година. Во осмиот век на тоа место беше подигната црква во спомен на оваа светителка. (Крај)

извор: МПЦ-ОА/МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука