мај 17, 2020

Охрид, 17. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – За голем дел од охриѓани, кои за себе велат дека „повеќе можат да издржат под вода, отколку во домовите“, една од работите која најмногу им недостасува за време на вонредните мерки е и утринското кафе.

Овој утрински ритуал е повеќе од само кафе. Тоа е можност да се поразговара со пријателите, а за многумина е и составен дел од бизнисот, затоа што охриѓани велат дека многу од најголемите зделки се прават токму со првото кафе.

Деновиве низ Охрид, додека се чека одлуката за почеток со работа, угостителите ги подготвуваат објектите, се чисти и дезинфицираа внатрешноста, масите и столиците, терасите.

Дел од нив започнаа да служат т.н Coffee to go, односно продажба на кафе во хартиени чаши. Истото се продава од посебни шалтери, без да се влегува во објектот. Граѓаните купуваат кафе и истото го пијат на отворено, на клупа покрај езерото и во разговор со пријателите. Coffee to go можете да купите во строгиот центар на градот, во објектите покрај кејот, но и на булевар „Туристичка“, веднаш до општина Охрид и на многу други места.

Environmental psychology: How do you feel about that coffee to go ...

Најава за почеток со работа на угостителските објекти во државата ќе имаме на почетокот на следната работна недела, изјави во интервју за Тв Сител министерот за здравство д-р Венко Филипче.

– По донесените протоколи кои ги изработи тимот експерти и епидемиолози ќе може постепено да се вратат во функција угостителските објекти некаде на крајот на следната недела. Но, на почетокот на неделата, сакаме јасно да им укажеме кои ќе се принципите и протоколите кои ќе мора да се почитуваат, за кога ќе почнат со работа секој да знае на кој начин да може да се врати во нормално функционирање, додаде министерот Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Shutterstock

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука