Охрид, 18. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во месец март, во Охрид било издадено само една одобрение за градба, објави Државниот завод за статистика.
Како инвеститор се јавува физичко лице, а предвидената вредност на објектот е 1 616 000 денари.
Во анализираниот период, во општина Дебрца исто така има издадено едно одобрение за градба, како инвеститор се јавува деловен субјект, а предвидената вредност на објектот е 16 526 000 денари.
На ниво на Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика во март 2020 година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 20.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.7 %) за објекти од нискоградба и 63 (28.8 %) за објекти за реконструкција. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива