мај 25, 2020

Скопје, 25. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10-ти јуни.

Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на COVID-19.

– Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15-ти јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Република Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат внимателни, истакна Рама. (Крај)

извор: Алсат М фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука