мај 26, 2020

Берлин, 26. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската унија, што го презема на 1-ви јули.

Меркел ќе зборува на интернет-дискусија за „Надворешна и безбедносна политика за време на германското претседателство на Европскиот совет“, организирана од германската фондација „Конрад Аденауер“.

Покрај Меркел, на трибината ќе говорат и поранешниот претседател на германскиот Бундестаг и сегашен претседател на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Ламерт, францускиот амбасадор во Германија, Ана-Мари Декорис, директорот на Институтот за кинески студии, Мико Хуотари, како и заменик претседателот на парламентарната група на владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул.

Германија го презема шестмесечното претседателство на Европската унија од Хрватска. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука