мај 27, 2020

Охрид, 27. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските угостители денес ги прават последните подготовки за утрешниот старт со работа.

Во центарот на градот, каде е сконцентриран најголемиот број вакви објекти денес беше раздвижено. Вработените ги дезинфицираа објектите, се местеа масите и столовите, а дел ги уредуваа и терасите, кои периодов кој е пред нас ќе бидат носечкиот дел на нивната работа.

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат од утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема, а работното време ќе биде до 20:00 часот.

Од Владата информираат дека е подготвен протокол од страна на Комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на Владата е реализација на втората фаза.

– Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор, рече денес министерот за економија Крешник Бектеши. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука