јануари 28, 2015

Париз, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот весник „Le Parisien“ јави дека европскиот првак Реал Мадрид е подготвен да плати 60 милиони евра за да доведе во своите редови бразилскиот дефанзивец од ПСЖ, Давид Луиз.

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака Давид Луиз да го донесе како замена за 31-годишниот одбранбен играч, Пепе. Доколку трансферот се реализира тогаш Рафаел Варан би можел да замине во екипата на Челзи.

Минатото лето ПСЖ на Челзи му плати 50 милиони евра за да го доведе Бразилецот на „Паркот на принцовите“. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука