јуни 1, 2020

Атина, 1. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – На помалку од еден месец од завршувањето на карантинот, денеска во Грција започнува петтата фаза од ублажувањето на рестриктивните мерки и постепеното враќање во „новата нормалност“, но и овој пат, под посебни услови и правила, јави дописничката на МИА од Атина.

По средношколците, денеска во училишните клупи се враќаат и учениците од основните училишта, а се отвораат и градинките. Паралелно Грција полека почнува да се подготвува за туристичката сезона, со отворање на хотелите што работат во текот на целата година, како и на камповите.

Грците од денеска ќе можат да уживаат во кината на отворено, но и да земат книги од библиотеките.

Се укинуваат и сите ограничувањата во однос на возраста за тренирање на спортистите на отворените спортски терени, од денеска е дозволена употреба и на соблекувалните, додека пак за викендот дозволен е почеток и на натпревари, но без присуство на публика.

Од денеска започнуваат со работа и кетеринг службите, студијата за тетовирање и дел од судовите. Дополнително, во следните пет месеци, се намалува ДДВ-то на јавниот, автобускиот, бродскиот, авионскиот и железничкиот превоз, како и на кафињата и безалкохолните пијалаци и влезниците за кино.

Останува отворено прашањето дали и колку сопственици на кафулињата и останатите угостителски објекти, ќе решат намаленото ДДВ да го спроведат директно на цените. Како што беше случај кога ДДВ-то се зголеми, а сопствениците решија разликата во цената да биде на нивни, а не на товар на клиентите, така и сега, не е исклучена можноста да се стори истото, па цените да бидат непроменети.

Целиот текст ТУКА. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука