јуни 2, 2020

Брисел, 2. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Атомиумот, една од највпечатливите белгиски и европски знаменитости, која се наоѓа во Брисел, повторно е отворена за посетителите.

Под строги правила наложени заради запирање на корона-епидемијата, најмногу 150 луѓе можат да влезат одеднаш во тоа здание. Имено, пред влегувањето, со заштитна опрема, на посетителот му се мери температура. Влезниците се набавуваат само преку интернет.

Атомиумот, една од најпознатите туристички атракции во Брисел е изграден во 1958 година. Во нормални услови, годишно привлекува неколку стотици илјади посетители. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука