јуни 15, 2020

Њујорк, 15. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во светот 8.007.804 луѓе се заразени со вирусот COVID-19, покажуваат најновите податоци на веб-страницата на Worldometers.

Од вирусот починале 435.855 лица, а излекувани се 4.134.874 лица. Најголем број заразени и починати има во САД – 2.162.222 случаи се заразени, а 117.858 лица починале.

Втор е Бразил, каде се заразени 867.882 лица, а починале 43.389 лица.

Трета земја по бројот на заразени е Русија – 537.210 лица, а на второ место по смртност е Велика Британија, каде од коронавирус починале 41.698 луѓе. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука