јуни 17, 2020

Будва, 17. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Будва Марко Царевиќ и претставникот на собранието Крсто Радовиќ се уапсени утрово пред зградата на општина Будва.

Уапсени се и менаџерот на општината Мило Божовиќ, секретарот за инвестиции Младен Микијељ, шефот на кабинетот на Царевиќ, Никола јовановиќ како и советникот Ѓорѓе Вујовиќ. Полицијата ги уапси и братот и синот на Царевиќ.

Полицијата употребила хемиски средства, а искршени се и стаклата на општинската зграда.

При апсењето на Младен Микијељ еден полицаец ја применил истата техника, држејки го коленото на неговиот врат, како при апсењето на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Policajac drži nogu na vrat Mikijelja, Foto: Screenshot

На 11-ти јуни новото мнозинство во Општинското собрание на Будва успеа да ги смени Царевиќ и Радовиќ, на чија смена и претходеа доста инциденти.Царевиќ и Радовиќ не ги признаваат тие одлуки и тврдат дека се незаконски и не дозволуваат новоизбраните службеници да влезат во зградата на Општината, ниту да имаат пристап до општинските документи.

извор: Vijesti.me фото: Vijesti.me

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука