јуни 18, 2020

Скопје, 18. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Туристичките агенции денеска пред Министерството за економија јавно ќе го презентираат барањето за намалување на штетите од COVID-19.

Барањето, како што информираат, е веќе доставено до Министерство за економија и до Министерство за финансии, но одговор немаат се уште добиено, јави МИА.

Претставници на туристичките агенции на прес-конференција пред Министерството за економија ќе ја информираат јавноста, но и Владата за проблемите со кои се соочуваат изминативе четири месеци.

Министерот за економија, Крешник Бектеши вчера, на прес-конференција, соопшти дека Владата предвидува посебна мерка за поддршка на туристичките агенции која би стартувала кон крајот на август или почетокот на септември. Бектеши не изнесе детали, но потенцира дека е целта е директна помош на агенциите во нивните напори да донесат што поголем број странски туристи. (Крај)

извор: МИА фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука