јуни 19, 2020

Охрид, 19. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Откако Lonely Planet го прогласи Охрид за петтата најубава дестинација за патувања во светот во 2017 година, блогерката Kate Wesolowksi донела одлука да го посети градот.

Вели дека од аеродромот во Дортмунд се стигнува за само 2,5 часа со WizzAir и дека искуството било „волшебно“.

– Старо повеќе од 2 милиони години, со кристално чисти и длабоко сини води – тоа е Охридското Езеро. Едно од најголемите и најстарите езера во Европа лежи на границата меѓу Албанија и Република Македонија. Ридестите брегови прават да се чувствувате добро, како на Медитеранот. Куќите во античкиот град Охрид, тесните улици на стариот град и шеталиште покрај езерото, заедно со вкусната кујна и љубезните жители го прават ова место волшебно, вели Kate. (Крај)

извор: Kate Wesolowksi фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука