јуни 24, 2020

Пекинг, 24. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Црвеното мочуриште е живеалиште на многу животни и растенија, многу туристи доаѓаат само за да уживаат во неговата убавина, а кога ќе видите како изгледа, ќе разберете зошто е толку привлечно.

Притоката на реката Шуангаизи во североисточна Кина, Лиаонинг, секоја година е посетена од голем број на туристи поради ова нереално мочуриште.

Бојата ја дава Suaeda maritima, едногодишно растение кое може да се најде во солени живеалишта. Ова необично растение се простира како тепих во црвена и розова боја на 130 квадратни километри од мочуриштето.

Природниот резерват е дом на повеќе од 260 видови птици и 399 видови на други животни. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука