јули 1, 2020

Загреб, 1. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во согласност со одлуката на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита од денеска се укинува обврзниот 14-дневен карантин за граѓаните од Босна и Херцеговина, од Србија и од Црна Гора кои ќе влезат во Хрватска.

Предвидено е листата на држави од кои граѓаните ќе можат и под кои услови да влезат во Хрватска ќе биде ревидиран секои две недели, во согласност со епидемиолошките критериуми.

БиХ не е на листата земји чии државјани можат да патуваат во земјите-членки на Европска Унија. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука