јануари 28, 2015

Доха, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на ракометното СП во Катар ќе се одиграат четвртфиналните натпревари.

Од 16:30 часот ќе играат Хрватска – Полска и Катар – Германија, додека натпреварите Словенија – Франција и Данска – Шпанија ќе се одиграат од 19:00 часот.

Победниците од овие натпревари в петок, во истиот термин ќе се сретнат во полуфиналните пресметки.

Натпреварите за третото место и финалето се на програмата во недела во 14:30, односно 17:15 часот. (Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука