Брисел, 7. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Температурите на воздухот во поголемиот дел од Сибир во јуни се зголемени за 10 Целзиусови степени во споредба со минатите години – соопшти Мрежата за набљудување на климата на Европска Унија.
Тоа е најтопол јуни досега во Сибир, каде почвата е под мраз. На 21-ви јуни во близина на Верхојанск, североисточна Русија измерени се рекордни 37 степени.
Високи температури во Сибир се регистрирани уште од јануари и во комбинација со малата влажност предизвикаа шумски пожари. И бројот и интензитетот на пожари во Сибир и во делови од Алjaска во јуни се над просекот, што доведе од највисоки емисии на јаглерод диоксид – 59 милиони тони. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
Прочитано: 2