јануари 28, 2015

Рим, 28. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Рома веќе неколку натпревари нема победено во Сериа А, а дополнителни проблеми на тренерот Руди Гарсија му донесе повредата на еден од важните играчи во тимот играчот за врска Даниеле Де Роси.

Според првите лекарски прогнози, тој ќе паузира околу три недели па Гарсија ќе мора да пронајде замена за него и соодветно решение за неговата позиција.

За претстојниот натпревар против Емполи, покрај Де Роси поради повреда нема да се појави и холандскиот интернационалец Кевин Стротман.(Крај)

извор: Спорт ТА фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука